ЧПП (Често поставувани прашања)
- Што претставува МојотГлас.ком ?
МојотГлас.ком претставува проект во кој можат да се вклучат сите. На нашиот веб-сајт регистрираните корисници можат да испраќаат теми и коментари кои тие мислат дека треба да бидат изнесени. Темите на веб-сајтот се од секаква област која може да се разгледува и да биде донесено решение за истата.
- Како да се регистрирам на МојотГлас.ком ?
Регистрацијата на МојотГлас.ком е бесплатна и можете да се регистрирате кликнувајќи тука.
- Што добивам со регистрација на МојотГлас.ком ?
Со регистрација, за разлика од нерегистрираните корисници, добивате ваш личен кориснички профил кој содржи ваши лични информации и кој може да го менувате само вие. Освен тоа со регистрација се вклучувате во заедницата на Глас.мк испраќајќи ваши теми и коментари кои мислите дека треба да бидат разгледувани.
- Се регистрирав, а ги заборавив моите податоци ?!
Доколку сте изгубиле или заборавиле ваша лозинка или корисничко име, кликнете тука.
- Кој ги поставува темите на МојотГлас.ком ?
На МојотГлас.ком секој регистиран корисник може да испраќа теми. Темата прво е разгледана од страна на администраторите а потоа, доколку е одобрена, се вметнува во останатите теми на која може да се додаваат предлози.
- Како да испратам коментар на одредена тема ?
За да испратите коментар/предлог на одредена тема, кликнете на темата која сакате да коментирате и под коментарите ќе видите поле во кое може да напишете ваш предлог. Со кликнување на вашиот коментар е испратен.
- Испратив коментар/предлог но не е објавен. Во што е проблемот ?
Сите коментари/предлози најпрво се прегледуваат од страна на администратор и доколку се одобрени се вметнуваат во темата.
- Што треба да содржи коментарот/предлогот за да биде објавен ?
Сите коментари и предлози мора да бидат релевантни со содржината, напишани на кирилица, да бидат јасно и читко напишани и мора да содржат ваш предлог со кој би се решил проблемот во темата (доколку постои).
- Како да го изменам мојот коментар ?
Откако ќе го испратите вашиот коментар, веднаш до него се наоѓаат иконки за бришење ( ) и измена ( ) на истиот.
- Како да си го изменам мојот профил ?
Логирани со вашето корисничко име и лозинка во горниот дел од веб-сајтот ќе го видите вашето мени.
- Што претставува аватарот ?
Аватар е мала сликичка (150x150 px) која се појавува во вашиот прифил и при испраќање на ваш коментар.
- Како да испратам тема ?
Логирани со вашето корисничко име и лозинка во горното мени од сајтот кликнете на `Испрати тема`.
- Прикачив слика за аватар на мојот профил, но сликата ја нема ?
Прикажените слика за аватар на вашиот профил мора да бидат во .jpg формат.
- Што означуваат сликите ( и ) под секој коментар ?
Секој регистриран корисник може да го каже своето мислење за одреден коментар/предлог со кликнување на за добар коментар и за лош коментар. Во зависност од тоа како ќе го оцените коментарот/предлогот, истиот добива оценка +1 или -1. Коментарите со најдобра оценка се сметаат за најрелевантни и најдобро прифатени по завршувањето на темата.
- Како да гласам за одредена тема ?
Доколку кликнтете тука, ќе ги видите сите поставени теми а под нив и можност за гласање ( ). Има поставено 5 ѕвезди кои означуваат оценка од 1 до 5. Од гласовите на сите корисници се зема в предвид средна оценка која е прикажена со ѕвезди.
- Како да пишувам на кирилица ?
Како да наместите кирилична подршка на вашиот компјутер - тука.
- Што означува ?
Кликнувајќи на иконата вие го гледате RSS каналот на МојотГлас.ком. На тој начин, ги гледате новите теми без директно да го посетувате сајтот. Повеќе за RSS тука. |